Нешто многу чудно се подготвува за Иран баш сега во овој момент, пишува експертот за безбедност и за Блискиот исток Рани Седрак кој подолго време живее во Македонија.
Најновата анализа на Седрак објавена денеска рано изутрина во продолжение:
Точно пред два часа, Трамп објави дека ќе ја одложи одлуката за напад врз Иран за две недели… Но тоа што се случува на терен кажува токму нешто друго…
Вчера и денес, САД почнаа да повлекуваат голем дел од својата опрема и воени авиони од воените бази во Заливот. Најголемата база Ал Удејд во Катар, веќе е евакуирана од сите борбени авиони. Исто така, САД вчера почнаа да ги евакуираат своите дипломати и нивните семејства од Тел Авив.
Дали Трамп (колку и непредвидлив да е) навистина се обидува да ги смири работите и да преговара?
Или нешто поголемо ќе се случи, и ќе го видиме првиот стратешки нуклеарен удар во Блискиот Исток?
Ајде да ги анализираме случувањата во последните 24 часа, за да можеме да ја погледнеме ситуацијата од нова перспектива и да се обидеме да разбираме што би можело да се случи следно.
Тоа што се случува сега во американските медиуми е сосема различно од тоа што се случува и што се подготвува на терен. Мислам дека САД подготвува стратешки план за измама (Strategic Deception); истиот како што го направи Израел на почетокот на војната, кога Иран мислеше дека е во тек рунда преговори со Америка и дека тензиите ќе се решат преку дипломатија, а одеднаш, Израел започна огромен воздушен напад.
Причината е дека меѓународните извештаи сега потврдуваат дека Иран збогатил ураниум до 83,7%, што е само 7% помалку од нивото потребно за производство на целосни ефикасни нуклеарни бомби и дека Иранците би можеле да го достигнат ова ниво за помалку од една недела.
Затоа, идејата за одложување на нападот за две недели, како што вели Трамп, е сосема нелогична. Ако Трамп навистина одложи, за неколку дена ќе се разбудиме со една експлозија од нуклеарен тест пред телевизија и со една објава од Иран дека станал, за прв пат во историјата, нуклеарна сила! И тогаш никој нема да може повторно да ѝ се приближи.
А проблемот со што се соочува САД сега е технички многу тежок, бидејќи објектот ФОРДОУ, кој ги предизвикува сите овие проблеми и конфликти, и каде што, според САД, Иран развива таму нуклеарна бомба, се наоѓа скоро 100 метри под земја, опкружен со планина, а најмоќниот американски разбивач на бункери, GBU-57, кој е способен да ја пробие земјата, може да оди само до 60 метри под земја.
Ова значи дека дури и ако донесат одлука да лансираат авиони Б-2 Спирит, и стигнат до целта и ја исфрлат бомбата, таа сепак нема да може да стигне до објектот, а нејзиното влијание ќе биде ограничено.
Тогаш што е решението?
Првото, да се лансираат два последователни напади на истото место (од типот на филм МАВЕРИК), за ефикасноста на бомбата да се удвои и ќе може да навлезе во оваа длабочина и да стигне до објектот. Но, проблемот е што ова е невозможно да се спроведе прецизно од практична перспектива. (Том Круз е само актер).
Второто решение е многу поопасно…Тактички нуклеарен удар насочен кон објектот, уништувајќи ги и закопувајќи ги сите влезови и поплавувајќи ја целата локација со радиоактивни материјали, за да стане локацијата неупотреблива.
Искрено, ваква одлука воопшто не е лесна, а ако се случи; сигурно ќе има многу сериозни и невидени меѓународни последици. Веројатно Иран би го лансирал целиот свој ракетен арсенал кон сите американските бази во Блискиот Исток, кон Израел и би го затворил Ормутскиот теснец со поморски мини.
И така целата глобална економија би одела во бестрага, да не зборуваме за предизвикување на вистинска трета светска војна.
Третото, што е навистина многу тежок стратешки избор, но можеби е најреална опција и покрај нејзината опасност, е директна копнена интервенција.
Специјални сили (од САД или од Израел или заедно), да бидат испратени во ФОРДОУ и да го уништат објектот одвнатре. Ако оваа опција се случи, тоа значи сеопфатна и директна војна на терен меѓу Иран и САД, слично на она што го направи САД во Куба во 60-тите години.
Ова значи дека Трамп е во многу тешка ситуација сега и сите опции што му се достапни не се добри. А башка дека американското јавно мислење и голем дел од Конгресот се против било каква воена интервенција и моментално се залагаат да ја спречат преку законите.
Што е уште поопасно?
Иран моментално го контролира израелското небо! Пред неколку часа, Израел изјави за NBC дека Ајрон Дом успеала да пресретне само 65% од ракетите лансирани од Иран во последните 24 часа, во споредба со 90% во претходниот ден!
Затоа што Иран почна да исфрла стари, слаби ракети за да го измори системот, и откако Ајрон Дом ја потроши својата муниција, почна да користи напредни хиперсонични ракети за да погоди чувствителни стратешки таргети на по прецизен начин.
И токму тоа се случи вчера наутро кога Иран ја бомбардираше зградата на берзата во Тел Авив, заедно со домот на поранешниот министер за животна средина, зградата на военото разузнавање, зградата на министерството за одбрана и воената болница Сорока!
И сега во време на овој удар, Иран употребил нови ракети со повеќекратни касетни боеви глави за прв пат од почетокот на војната. Овие ракети носеле касетни боеви глави кои експлодираат на голема оддалеченост од таргетот, (releasing) помеѓу 20 и 30 помали бомби кои се шират во широк круг, предизвикувајќи масовно уништување на широк простор и нарушувајќи ги радарските и системите за воздушна одбрана, што ги прави невозможни за пресретнување.
Се ова значи дека Блискиот Исток сега е буквално во еден тесен ќош, и каков и да е следниот чекор, сигурно ќе има страшни последици! Ќе видиме за кратко…






