Во својата последна анализа на конфликтот Израел – Иран безбедносниот експерт и познавач на Блискиот Исток Раби Седрак анализира зошто се повеќе израелски јахти за убиваат на Кипар.
Пишува Рани Седрак:
Иран го бомбардираше реакторот Димона со три ракети, уништувајќи зграда за технолошко разузнавање поврзана со израелската војска и со персонал од Мајкрософт!
Ова што се случи во изминатите неколку часа, додека спиевме, се смета за една од најопасните ескалации и ракетни напади извршени од Иран против Израел досега, предизвикувајќи невидена штета, до степен што движењето на израелски бродови што заминуваат од Израел до Кипар многу брзо се зголеми!
Тоа што е различно овој пат е дека според израелските медиуми, лансираната ракета носеше приближно 300 килограми експлозив и беше способна да го погоди технолошкиот центар во градот Бер шеба. Сериозен и масивен технолошки центар кој обезбедува сериозни услуги за израелската војска. Таму вработените се од глобални компании како Мајкрософт и IBM, како и технички офицери од единиците за кибер-војување на израелската војска!
Изненадувачки е што ударот бил многу прецизен (затоа имам чуство дека Иран не е сама во ова). Според медиуми, ракетата воопшто не била пресретната (и ова ми е чудно), Нападот предизвикал огромен пожар околу зградата и повредил цивили (не воени лица), а најновата пресметка е околу 40. Железничка станица беше целосно затворена израелскиот Канал 12.
Според иранските медиуми (помалку ги верувам јас), најмалку три ракети биле испукани кон градот Димона, каде што се наоѓа главниот нуклеарен реактор на Израел. Ова е опасно бидејќи е блиску и до Египет, и до Саудиска Арабија (голема површина ќе се контаминира). Дали Иран ќе ги влечи Каиро и Ријад во конфликтот? Дали ќе дозволат сите држави ваква штета?
Во текот на изминатите часови и денови, имаше необично и невидено зголемување на јахтите и туристичките бродови што ги напуштаат пристаништата Хаифа и Ашдуд и се упатуваат кон Кипар. Израелските медиуми го опишуваат она што се случува како егзодус на израелски граѓани, бегајќи од бомбардирањето! Дали ќе почна да се мобилизира опозицијата во Израел?






