Раби Седрак ексклузивно: Падот на Сирија

Со хаотичното повлекување на сириската армија кое остави бројни стратешки локации, вклучувајќи 17 аеродроми со нивните авиони и системи за противвоздушна одбрана, ранливи. Во исто време, вооружени екстремистички групи продолжуваат да напредуваат на повеќе фронтови. Израел, наводно, ги отстрани мините во Кунејтра, што може да укаже на можност за експанзија од Голанската Висорамнина кон оската Кунејтра-Дамаск.



Русија изјави дека не може да обезбеди дополнителна помош поради други приоритети, иако нејзините бази во Тартус остануваат безбедни.

Целосното повлекување на Иран, како што беше предвидено, изгледа дека го отвори патот за Израел и екстремистичките групи да ја зацврстат својата влијание, слично на настаните во Газа и јужен Либан.

Јордан ги затвори своите граници со Сирија, дополнително комплицирајќи ја хуманитарната и геополитичката ситуација. Во меѓувреме, американски и француски сили влегоа во јужен Либан под привремен прекин на огнот, што внесе уште еден слој комплексност во регионот, додека ирачкиот министер за надворешни работи изјави поддршка за Сирија.

ПАДОТ НА СИРИЈА

Сите воени инфраструктури што Сирија ги изгради со помош на Иран од ослободувањето на Алепо во 2016 година, вклучувајќи ги и воените аеродроми, паднаа на неверојатен и чуден начин во рацете на вооружените групи (а според медиумите на западот и на САД не се веќе терористички групи). Како што потврди Абу Мохамед ал-Џулани, лидерот на организацијата “Тахрир ал-Шам”, во интервју за CNN.

Кои се причините

1) Инволвирањето на Израел, бидејќи нападот на Алепо започна веднаш по потпишувањето на прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, штом Израел заврши со своите операции во Либан.
2) Израелските воздушни напади во изминатата година значително ја ослабеа сириската армија и иранските сили, со уништување на големи залихи на муниција и оружје.
3) Повлекувањето на Хезболах од многу градови во Сирија затоа што го пренасочи своето присуство кон Либан за да се бори против Израел, во рамките на неговата нова политика под новото раководство на Наим Касем, после атентатот врз Хасан Насралла.
4) Повлекувањето на иранските сили кои ја напуштија Сирија поради заканите од израелски атентати, како оној врз генерал Мохамед Реза Захеди во Дамаск прошлиот Април.
5) Расформирањето на милициите бидејќи Иран ги повлече силите на Фатимијун и Зејнбијун од Сирија, сметајќи дека повеќе не се потребни да ја помогнат сириската армија.
6) Намалено руско присуство бидејќи Русија повлече значителен дел од своите сили за Украина во 2022 година.
7) Украина обезбеди технологија за дронови за вооружените фракции со ЕВРОПСКА поддршка, и ставајте 100 линјии под ЕВРОПСКАТА поддршка.
8.)Слабоста на сириската влада кој страда од корупција, бебешката стратешка менталитет на Асад и целосен отсуство на солидни анализи на регионалните и меѓунардоните настани, исто и неефикасност и недостиг на национална и на морална мотивација кај војската.
9) Американска поддршка за вооружените групи бидејќи САД има интерес да го уништи Асад и да го ослабува Иран како подготовка за нов блиски исток.
10) Турската поддршка на вооружени групи (а не терористички групи – според новиот наратив) во рамките на својот регионален конфликт со Иран.
11) Борбените способности на вооружените групи и нивното искуство во урбанските војни откако научија од грешките од минатото, плус, добивањето на тешкото оружје од магацините на сириската армија, исто и присуството на локална поддршка од “инкубатори” кои се целосно незадоволни со политиката на Асад.

Иранскиот став за ситуацијата во Сирија

1) Иран е убеденa дека Путин постигнал договор со Израел според кој сириските вооружени групи ќе ги заземат главните патишта од источна кон западна Сирија, и на тој начин Иран повеќе нема да може да ја користи сириската рута за пренос на оружје за Хезболах, а во возврат Израел ќе помогне Русија да го затвори украинското прашање со притисок врз Америка.
2) Иран знае дека Израел сака да создаде нов Блискиот Исток, а по ударот на Хамас и Хезболах, Тел Авив сака да го тргна Асад и Сирија, особено откако одбиваше да излезе Иран од Сирија (според Ројтерз минатата недела).
3) Иран верува дека сириската армија е длабоко инфлитрирана од регионалните и меѓународните разузнавачки служби особено од Мосад, кој планираше колапс на фронтот во Алепо преку тајна операција на инфилтрирани во редовите на сириската армија. А Израел им обезбеди на милитантите значајни разузнавачки информации со цел да го заземе Алепо на најбезбеден начин и без цивилни жртви, со што ќе ја подобри сликата на вооружените групи во Сирија и во странство (осоебно кај Европјаните).
4) Иран добро знае дека сириската армија не е способна за долгорочна конфронтација со сириските џихадистички движења, кои уживаат висока волја и планирање поддржани од повеќе регионални и меѓународни тела особено ЕВРОПСКА унија и САД.
5) Иран го обвинува Асад, кој не игнорираше апелот за слободни избори, издавање општа амнестија за сите барани лица, враќање на 6 милиони Сиријци избеглици и намалување на ширењето на корупцијата во државните институции.

6) Иран почна да го менува својот тон кон вооружените групи. Функционерот задолжен за официјалната радио и телевизија во Иран, “Сада Васима” му било наредено да не спомнува зборот “терористички групи”, туку да ги наречеме “вооружени групи”. (ова многу кажува).
7) Високи фигури во Иран извршиле притисок врз водачот, ајатолахот Али Хамнеи за да преговара со противниците на Асад и да бара Турција да ја гарантира безбедноста на шиитските свети места во Сирија, особено џамијата “Заинаби” во Дамаск.

Иран сфаќа, можеби за прв пат од 2011 година, дека единственото решение за актуелната сириска криза ќе биде само во политичка форма, и затоа Асад не може да биде дел од ниту едно политичко решение во блиска иднина. Горенаведеното значи дека Иран сака да се репозиционира и да ги уреди својте карти, бидејќи доби масовни удари во последните две години со отсуство на јасен стратешки план за справување со потенцијалните предизвици. Оската Сирија-Иран-Ирак, не може да гарантира долгорочен опстанок поради немањето унифицирана доктринска, идеолошка и политичка позадина на овие држави. Затоа мислам дека Иран веќе го промени ставот и ќе почна нова стратегија во блиски исток.

Анализа на Раби Седрак
Истражувач и аналитичар за безбедност
Институт за меѓународни стратешки и безбедносни студии – Радика