Пуштена во употреба делницата Градско-Дреново кој е дел од експресниот пат Градско – Фариш. Делницата е во должина од 15,5 километри плус 1 километар од делницата Фариш-Дреново, или вкупно 16,5 километри од експресниот пат.
Делот што се пушти во употреба содржи 3 клучки Градско, Росоман, Дреново, 4 вијадукти, 1 мост, 4 надпатници и 3 подпатници.
Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков преубав експресен пат, којшто ги поврзува градовите Куманово и Крива Паланка, односно од местото Чатал преку Длабочица до Крива Паланка или од местото Страцин попознато за оние коишто патуваат кон нашиот источен сосед Бугарија. И сега го пуштаме овој пат преубав од Градско, Дреново- Фариш којшто е дел од Коридорот 10, во суштина отсечката 10Д. А, за неколку дена од денес, ќе го пуштиме првиот дел од пругата кон Бугарија, којашто треба да го поврзе Куманово со Бељаковце. И ова се три проекта коишто треба да го одбележат почетокот на оваа година, коишто многу лесно можеше да бидат споменици на едно лошо време, коешто сите се трудиме да остане во заборав и коешто лошо време нѐ влечеше назад, рече Премиерот Мицкоски. Вредноста на проектот е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.





