Западниот дел од Русија мора да биде „соодветно заштитен“ по проширувањето на НАТО во Шведска и Финска, изјави денеска Владимир Путин во обраќањето во парламентот.



Според него, силите на НАТО „подготвуваат напад“ на руска територија користејќи ги „најефикасните сили за ова“.

Тој рече дека судбината на која било земја што ќе ја нападне Русија ќе биде „многу потрагична“ од се’ што се соочила претходно.

„Тие мора да разберат дека и ние имаме оружје, оружје што би можело да ги порази на нивна територија“, рече Путин, додавајќи дека таквиот потег може да „охрабри употреба на нуклеарно оружје“.

„Зарем тие не го разбираат тоа? праша. Тој ги обвини западните земји дека се сметаат за „врховни“.

„Русофобијата ги заслепува луѓето и ги лишува од нивните рационални способности. Без Русија, нема цврст мир во светот“, изјави тој пред Федералното собрание.

„Тие зборуваат за тоа како Русија планира да ја нападне Европа, а ние самите знаеме дека тоа е глупост.

Денеска веќе зборуваат за испраќање војници во Украина. Тие треба да знаат дека Русија има оружје што може да уништи цели и на нивните територии. Т

ие треба да бидат свесни дека таквите акции предизвикуваат нуклеарен конфликт. Се чини дека не се свесни дека такво нешто може да доведе до крај на човештвото. За нив сето тоа е како цртани филмови“, рече Путин.

Коментирајќи ја изјавата на францускиот премиер Емануел Макрон дека земјите кои обезбедуваат помош за Украина не треба да ја исклучат можноста за испраќање свои војници во Украина,

Путин рече дека последиците за оние што ќе стигнат на фронтот ќе бидат „трагични“.

„Се сеќаваме на судбината на оние кои ја испратија војската на територијата на нашата земја. Тие треба да разберат дека имаме оружје што може да уништи цели на нивна територија.

Тоа се луѓе кои не поминале низ тешки искушенија. Заборавија што е војна, мислат дека е цртан филм“, рече Путин.