Путин спонзорира „Интернет тролови“ во Македонија

Бројот на мрежи составени од „тролови“ спонзорирани од Русија кои што шират пропаганда против САД и ЕУ е огромен, можеби стотици,  тврди Мајкл Карпентер висок службеник во Министерството за одбрана во времето на Обама.



„Десетици, ако не и стотици мрежи на тролови, поддржани од руски оперативци верјатно оперираат и денес вклучително и во земји како Албанија, Кипар и Македонија“, вели Карпентер кој е специјалист за Русија.

Според последните информации главната база на овие „фабрики на тролови“ се наоѓа во Санкт Петерсбург каде што околу 90 вработени работат на приближување со Американци.

Според СИ ЕН ЕН , медиум кој ја поддржуваше Хилари Клинтон а го напаѓаше систематски Доналд Трамп во трката за претседател тврди дека оваа група е финансирана со милиони долари дадени од рускиот олигарх Јевгениј Пригозин, близок на рускиот претседател Владимир Путин.

Еден од водечките Демократи во сенатот на САД Марк Ворнер бара социјалните мрежи да истражат дали други познати ткн „фарми на содржини“ се користени за постирање на невистини и за дезинформирање“.

Ворнер неодамна од Фејсбук побарал информации дали лажни вести и реклами биле постирани за време на изборите од Македонија, Естонија и Белорусија, пишува Питсбург Пост Газета.

Според сознанијата на рускиот независен магазин РБЦ руските оперативци без воопшто да влезат во САД преку социјалните мрежи успеале да натераат огромен број Американци да излезат на 40 протести низ целата земја на теми од имигранти Муслимани до човекови права.
Во операцијата „Интернет агенција за истражување“ биле регрутирани околу 100 несомнителни активисти во американските градови кои што работеле за околу 80 илјади долари, пишува РБЦ.
Агенцијата платила околу 100 илјади долари за 3000 реклами на Фејсбук со цел да ги промовира содржините на својата платформа со што дошла до околу 10 милиони луѓе.
Според Карпентер руските тролови не работат секогаш во големи групи како таа во Санкт Петерсбург, некогаш се работи за двајца до тројца слободни стрелци но нивна главна задача секогаш е да шират теории на завера за западот како на пример тезата дека американското разузнавање стои зад убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов.
Најголемиот дел од троловите се платени од Кремљ преку ткн Црниот интернет, дел од интернетот каде што оперираат криминалците и каде што може да се плаќа со биткоини.
Американските експерти и медиуми се убедени дека руските тролови функционираат надвор од земјата особено во Македонија каде што заработуваат големи суми пари со отворање на американски политички веб страници со лажни приказни кои имаат за цел да генерираат сообраќај на интернет со што заработуваат пари.