Путин не оди, но ќе испрати министерка на погребот на Папата

Министерката за култура Олга Љубимова, ќе ја ретставува Руската Федерација на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.



Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Љубимова ќе биде присутна во Ватикан „по одлука на претседателот Владимир Путин“.

Путин не посетил ниту една западна земја од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Рускиот претседател во понеделникот му оддаде почит на папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст, велејќи дека тој беше „мудар водач и постојан бранител на високите вредности на хуманоста и правдата“.

Двајцата се сретнаа три пати за време на кратките посети на рускиот претседател на Ватикан во 2013, 2015 и 2019 година.