Иако Белата куќа објави дека нема да се сретнат, Владимир Путин и Доналд Трамп вчера сепак се имаа средба на маргините на Азиско-пацифичкиот економски самит во Виетнам.
Претседателот на Русија и американскиот колега во заедничката изјава за Сирија објавија дека ќе ги продолжат заедничките напори за борба против таканаречената Исламската држава (ИСИС) се до нејзиниот целосен пораз, објави Кремљ.
Двајцата водачи ја потврдија својата посветеност на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија и се согласуваат дека нема воено решение за конфликтот.
Појавата на таканаречениот Исламски калифат на Блискиот Исток предизвика бран од милиони бегалци Сирија и Ирак кон Европа.





