Полицијата потврди дека едно лице е повредено во пукање кое денеска се случи во скопската населба Чаир. Лицето е пренесено во една од скопските клиники
-Денеска (02.12.2024) од ГОБ “Св.Наум Охридски” во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. “Кемал Сејфула” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфор мираат од МВР.





