Психолог е напаѓачот кој со автомобил влета во божикен пазар и уби 2 и повреди 60 лица

50-годишниот психолог Талеб ал-Абдулмохсен. е човекот кој вчера со возило влета на божиќниот пазар во Магденбург,при штп загинаа две лица, меѓу кои едно дете, а беа повредени 68 други.



Тој е роден во саудискиот град Хофуф, а во Германија дошол во 2006 година за време на неговата специјализација по психотерапија.

Тој подоцна побара азил поради смртни закани откако го напушти исламот, а во 2016 година доби статус на политички бегалец. Живеел во Бернбург и бил познат како експерт за психијатрија и психотерапија.

Како што пишува Дејли Мејл, неговото минато е обележано со активизам чија цел е да им се помогне на поранешните муслимани, особено на жените, да избегаат од Саудиска Арабија. Тој водел веб-страница посветена на обезбедување информации за „патеките за бегство“ за луѓето кои сакале да ја напуштат Саудиска Арабија.

Во интервју за Frankfurter Rundschau во 2019 година, тој изјави дека повеќето од неговите клиенти се жени за кои азилот е единствениот начин да избегаат од зависноста од машки старатели.

Неговите објави на социјалните мрежи укажуваат на силни антиисламски ставови. Во своите објави, тој го критикуваше исламот и изрази поддршка за германската десничарска партија AfD, како и за Илон Маск и десничари како Томи Робинсон и теоретичарот на заговор Алекс Џонс.

Пет дена пред нападот, тој даде интервју за десничарската платформа RAIR Foundation, во кое тврдеше дека Германија ги фаворизира сириските бегалци, вклучително и исламисти, додека ги отфрла саудиските отпадници кои бегаат од шеријатските смртни казни.

Во тоа интервју тој изјави дека „само 70 отсто од саудиските граѓани добиваат азил, додека оваа бројка за сириските граѓани е 99,8 отсто“.

На видеата објавени неколку часа пред нападот, Ал-Абдулмохсен тврди дека германските власти ја отворале неговата пошта и краделе предмети, вклучително и USB-стикови.

„Германските граѓани се одговорни за прогонот на кој сум подложен. Германската нација криминално ги прогонува критичарите на исламот“, рече тој во едно видео.

Неговите ставови на социјалните мрежи вклучуваат и поддршка за екстремно десничарските политичари и активисти.

Тој ги ретвитна изјавите како: „Левичарите се луди. Ни треба AfD да ја заштити полицијата од нив“ и „Тиранијата се заснова на потчинување на кукавици. Избирам да бидам храбар“.