Иако повеќе извори говореа дека во раната фаза од пребројувањето на гласовите од локалните избори, актуелниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски води во битката за прв човек на Скопје, Петре Шилегов е кандидатот што вечерва има предност. Последните бројки се 48 насто за кандидатот на СДСМ и 33 проценти за претставникот на ВМРО ДПМНЕ.
Интересно е што информациите за гласовите во главниот град најтешко стасуваат до медиумите и до гласачите кои вечерва се можеби и најзаинтересирани токму за Скопје. Според новите, одново неофицијални информации, Коце Трајановски се бори „само“ за втор круг, а дека на Петре Шилегов му треба уште многу малку за да биде промовиран во градоначалник на Скопје уште вечерва.