Професор со предупредување до МРТВ: Може да ги умрете гостите од ЕБУ ако јадат премногу црвен дабов лист

Врвен македонски професор кој е одлично упатен во хемиските својства на Црвениот дабов лист а кој сака да остане анонимен го предупредува менаџментот на Македонската национална телевизија да внимава каква храна сервира за гостите од Европската Радиодифузна унија кои ќе го пречека наскоро.



Професорот кој ја видел објавата на expres.mk во која се зборува за набавка на сирење од сто евра за килограм апелира МРТВ да се откаже од сервирање на црвен дабов лист затоа што тоа може да предизвика тешка здравствена состојба па дури и смрт на конзументите.

На прашањето дали дабовите листови се безбедни за јадење тој вели дека тие содржат високо ниво на танини што може да биде опасно за здравјето на човекот ако не се внимава на количината.

Професорот не знае во каква форма и која количина ќе се користат црвените дабови листови кои стојат во тендерот на МТВ за храна за гости од Брисел за да даде конкретен одговор на прашањето дали во случајот се работи за огромен ризик по животот на консументите.

Професорот објаснува дека дека во мали количини танините, како на пример во ферментираната храна богата со танини, се корисни за здравјето на луѓето, но јадење на дабови листови во поголеми количини може да биде опасно бидејќи дигестивен систем на просечен чќчовек нема да може да се справи со ненадејниот скок на танините.

Македонската радиотелевизија досега не објасни зошто се набавуваат и црвени листови од даб.

Зошто МРТВ набавува ваква храна која може да биде опасна за човекот:

Македонски баханалии и луксузи

Бараат сирење од 100 евра за кило, менаџментот на МРТВ љуби ,,солено” мени за состанок со ЕБУ