Цуцуловски потсетува за предупредување од Исус Христос валидно и по два милениуми

ИСУСОВОТО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ. Без разлика дали некој е религиозен или не, дали верува во Христовото постоење и неговото воскреснување, вреди да се чита Библијата, бидејќи во неа има што да се прочита, и читајќи, што да се научи, пишува професорот по филозофија Љубомир Цуцуловски.



,,Денес, на Велигден, кога се верува дека воскреснал, потсетувам на едно негово предупредување, кое и после два милениуми ништо не загубило од своето значење. Со него, наедно, го честитам Велигден на сите искрени, во душата христијани:

„Ги гледаш ли овие големи згради? Ни камен на камен нема да остане, што не ќе биде урнат… Чувајте се да не ве прелаже некој, оти мнозина ќе дојдат во мое име, говорејќи дека сум Јас; и мнозина ќе ве прелажат.

Вие чувајте се, зашто ќе ве предадат на судови, а по синагогите ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведени.

Ако некој ви каже ‘Еве, овде е Христос’ или ‘Ене, таму е’, не верувајте! Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ве прелажат.“

(Цитирано според Евангелието на Марко: 13, 2 f.f.)”, го пренесува предупредувањето од Исус Христос професорот Љубомир Цуцуловски.