Ви благодариме, пpемиере Курти, што помогнавте во политичката ротација на Албанците во Македонија и што им го тргнавте парчето торта од устата на некои доживотни функционери. Без вашата помош ќе беше неможно од политичката сцена да се отстрани ДУИ, која владееше повеќе од 20 години.“ – истакнува преку својот фејсбук-профил Мухамер Пајазити, професор по евроинтеграции во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тетово. Објавата на Пајазити ја пренесува информативниот портал на албански јазик „Фол“.
Покрај тоа што „му искажува благодарност“ на косовскиот премиер за „помошта да се отстрани корумпираната ДУИ од власта“, Пајазити уште пишува: Политичката ротација го остава албанското општество во Македонија поеманципирано и со повисока политичка свест. Политичката ротација им помага на општествата и ги реформира партиите, кои владееле долго. Ги реформира сите албански партии, кои ненамерно, или намерно денес ги контролираат и ставија раце врз правосудниот систем, во образованието, културата, здравството, економијата и многу други сфери.
Албин Курти има за цел да го создаде албанскиот свет без корупција, а не како одговор на српскиот свет, кој има за цел да го дестабилизира и да го криминализира регионот на Балканот. Сите политички сили, кои го напаѓаат Курти, имаат едно нешто заедничко: лошото владеење и корупцијата, што ги поткопува општества и ги брка младите од земјата.
Home Македонија Професорот Пајазити од тетовскиот Универзитет му се „заблагодарува“ на Курти, оти создава...





