Професорот Климе и годинава ја испочитува вечната традиција за Богојавление (ВИДЕО)

Водите на Охридското Езеро денеска беа студени но топлината на сончевите зраци и во душите на верниците му дадоа сила професорот Климе Попоски, заедно со своите роднини и пријатели, и годинава да ја продолжи вековната традиција што во Струга се одржува за големиот христијански празник Водици.



Еден од водечките европски експерти за осигурување, Попоски и оваа година достојно ја испочитува православната традиција започната од неговите претци пред векови во чест на Богојавление, влегувајќи во студените води на езерото.

Покрај него, во ова свето капење годинава учествуваа неговите деца како и семејството на поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Игор Митревски.

Според професорот Попоски, секој верник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија има должност да ги зачува и пренесува вековните традиции од генерација на генерација.

Неговите предци, како и многумина во Струга, Охрид и низ цела Македонија, уште од вториот век од нашата ера на Водици влегуваат во водите на Охридското Езеро или на други места каде што се фрла крстот.

Оваа традиција продолжува и оваа година, не само во Струга и Охрид, Преспа туку и на стотици други локации низ Македонија.

Видеото во линкот

https://www.facebook.com/share/v/1AtZqVGrdT/

Поврзана вест

Професорот Климе ја продолжи вековната традиција за Водици (ВИДЕО)