Професорката на правниот факултет во Скопје Каролина Ристова Астеруд се чуди на македонска новинарка која дава јавна поддршка за терористичка организација.
Ристова Астеруд објавува дека не е изненадување што Тања Милевска, поранешна дописничка на повеќе македонски и други медиуми од седиштето на ЕУ и НАТО во Брисел дава поддршка за терористичка организација но не и е јасно како Милевска во исто време го поддржува Хезболах и во кратка сукња оди во НАТО која според терористичката организација е креација на ,,Големата сатана” САД.

,,За упатените, воопшто не е изненадување ваквата поддршка на оваа “дописничка од Брисел” (така позната кај нас), во случајот, на Хезболах, чие воено крило е квалифицирано за терористичко, вклучително и од страна на ЕУ, а целосно од страна на САД и низа други земји.
Но, тоа, секако, тоа не и сметаше за пред некоја година да се истопори во седиштето на НАТО, што ќе речат овие од Хезболах, креација на “големата Сатана”, и тоа во бајаги тесен, сугестивен и непрофесионален фустан- минич”, вели Ристова Астеруд иронично забележувајќи дека сето тоа, без сомнение било ,,многу халал”.
,,Кога сум веќе кај тоа, една од работите што ми се фикс во сеќавање од ФБ-полемики со неа од времето на најгрозоморните терористички напади по Европа од страна на ИСИС минатата деценија е кога во една меѓусебна размена во врска со тоа, ми пиша контракоментар: ,,Мислиш на ДАЕШ?”.
Поентата, да се “корегирам” како ги ословувам, ма како се осудувам (или, не сум доволно информирана?) да не ги уважувам за тоа како “они”, најноторните исламотеократски наци типови, преферираат, а не со ова нашиве евро/западни акроними, ма непростлив инфиделски харам од моја страна. А за главнината и се’ по императивите на идеологијата, политиката и делата од тој и таков двор, вклучително и во евро контекст, ако досега не сте ја фатиле на радарот, да ја фатите”, пишува професорката Ристова Астеруд која потсетува дека .
неодамна, токму на истиот овој портал (СДК.МК) новинарката му држела лекции:
,,Дека, парафразирам, пренесувал “лажни вести” со придружното од “радикално-десничарски извори” (демек, битен е изворот, а не дали е точно) за проблемот со генитално-сексуално осакатување на девојчиња по Европа како увезен проблем од одредени групи на воневропска имиграција, па мојата поранешна колешка од Собрание, пратеничката Лилјана Поповска, онака “падната од Марс” за светогледите на дотичната, онака најискрено и со сета сериозност, се вдаде да ја информира и да и објасни колку сериозен проблем е тоа, па какви иницијативи имаат СЕ/ ЕУ за тоа”.
Според професорката случајот со поддршката на терористичка организација воопшто не е наивен.

,,А ова е само парадигма, во случајов дури и “екстериторијална”, дел од смртно сериозниот проблем што си го има Белгија со и меѓу своето имиграционо население, најчесто и со членство во политичката заедница /државјанство.
Но, кој да следи, анализира, да става рефлектор, да тера кампањи, секако со евро/западни пари, што кај нас засега најмногу се ефектуира по онаа, со пари и камен од џебовите на евро/западното граѓанство за мавање назад по нив, како и за сеопшто нивно поткопување, ма и уништување.
Особено индикативно нигде ги нема оние што ѓомити гонат “говор на омраза”, скраја за поддршка на официјално квалификувани ентитети за терористички, тие изгледа се зафатени со нај-антилиберално гонење на она што влегува и мора да влегува во слобода на говор, ама кога е за вистинското, и тоа во најрестриктивното толкување и најправното рацио зошто воопшто постојат таквите деликти, е за тоа нигде ги нема. А што се’ нема периодов по оваа линија по социјалниве мрежи, но, ако ги нема тие што треба, еве јас ќе воведам таква “ФБ-рубрика”, од причини за кои пишував пред само кратко време, меѓу другото, токму и за во контекст на евроинтегративните напори и каков антитеза-канцер ни нараснува тука”, заклучува професорката Ристова Астеруд.
Најчитани статии
Зошто добитникот на наградата ,,11 Октомври” Цацко го ,,боле мео” (ВИДЕО)





