Двете главни опозициски партии во Албанија, Демократската партија (ДП) предводениа од Лулзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција (СМИ), предводено од Моника Кремеди, денес организираа масовен протест пред канцелариите на премиерот Еди Рама на главниот булевар во Тирана.
Баша и Кријамади, утринава објавија дека одлучиле да ги здружат силите и да ги ескалираат протестите се додека не ја соборат владата на Еди Рама.

Полициски сили и водени топови се распоредени во центарот на главниот град на Албанија.
Лидерите на протестот тврдат владата на Рама ја претворила Албанија во земја на дрогата, на украдени избори со илегален парламент, пренесуваат албански медиуми.
Демонстрантите носат транспаренти и карикатури со владините функционери во затвореничка облека, а некои од нив во раце држат метли, со кои симболично сакаат да го „изметат ѓубрето“, како што велат, од нивната Влада.





