Протест пред пристигнување на Борисов во Скопје

Организацијата Семакедонски национален совет за денеска најавува протест против потпишување на штетни договори на македонската влада.



Според најавата на председателот на СНС-Македониум Страшко Олумчев протестот ќе се одржи попладнево во 17 часот пред Соборниот Храм во Скопје. 

Учесниците на протестот на македоскиот претседател Иванов ќе му предадат декларација во која се бара македонските власти да запрат со потпишување на штетни договори кои што граѓаните не ги прифаќаат.

Дел од бугарските политичари предходно изјавија дека во Македонија пред потпишување на договорот со Бугарија ќе бидат организирани протести од страна на проруски и просрпски инсталации.