Протест на Македонците во Њујорк пред Обединетите Нации (галерија)

На повик на Обединетата Македонска Дијаспора денеска во Њујорк за време на преговорите меѓу Македонија и Грција се одржа протест против менувањето на уставното име.



Стотина Македонци пред зградата на светската организација ги повторија барањата македонските власти да ги запрат преговорите за менување на името а меѓународната заедница да го обезбеди елементарното човеково право на Македонија самоименување.

Предходно протести на иста тема се одржаa и пред македонската амбасада во Вашингон.