Утре попладне ќе се одржи протестен марш во Скопје поради аерозагадувањето, во организација на Зелен хуман град и повеќе други невладини огранизации
Протестниот марш „За чист воздух“ ќе почне во 16:00 часот од Министерство за животна средина, ќе продолжи преку Собранието, а ќе заврши пред Владата.
-Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до над 5000 луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух. Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето – стои во повикот од иницијативата Зелен хуман град.





