Десетици илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на неколку големи градови ширум светот за да побараат прекин на крвопролевањето во Газа.



Протестите се одржаа во пресрет на утрешната „годишнина“ од конфликтот во палестинската енклава кој се шири во регионот.

Околу 40.000 пропалестински демонстранти маршираа низ центарот на Лондон, додека илјадници се собраа во Париз, Рим, Манила и Кејп Таун.

Во Лондон, про-израелските поддржувачи вееја знамиња додека пропалестинските демонстранти минуваа. Според полицијата, на маргините на протестот биле уапсени 15 лица но не и на која група припаѓаат приведените.

Во Рим дојде до судири, полицијата со водени топови и солзавец се обиде да ги растера демонстрантите. Околу 6.000 демонстранти се собраа таму, пркосејќи на забраната за мирни демонстрации во центарот на градот пред годишнината на 7 октомври.

Поддржувачите на Израел во Берлин протестираа против се поизразениот антисемитизам.

Таму избувнаа судири меѓу полицијата и пропалестинските контрадемонстранти…