Во Сирија избија протести поради палењето на новогодишна елка во близина на градот Хама.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат маскирани вооружени лица како го палат дрвото изложено на главниот плоштад на Сукајлабија, град со мнозинско христијанско население во централна Сирија, јави Би-Би-Си.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ земјата, барајќи од новите исламистички владетели да ги заштитат верските малцинства.
Во населбата Баб Тума во Дамаск, демонстрантите носеа крст и сириски знамиња, извикувајќи „ќе ги жртвуваме нашите души за нашиот крст“.
„Ако не ни е дозволено да ја живееме нашата христијанска вера во нашата земја, како порано, тогаш веќе не припаѓаме овде“, изјави демонстрант по име Жорж за новинската агенција АФП.
Главната исламистичка фракција која го предводеше бунтот што го собори претседателот Башар ал-Асад, рече дека луѓето одговорни за подметнувањето пожар биле странски борци и дека биле приведени и дека можикната елка ќе биде брзо поправена.
Сирија е дом на многу етнички и религиозни групи, вклучувајќи Курди, Ерменци, Асирци, христијани, алавити шиити и арапски сунити, од кои последните сочинуваат мнозинство од муслиманското население.
Пред нешто повеќе од две недели, претседателството на Башар ал Асад падна во рацете на бунтовничките сили, со што заврши повеќе од 50-годишното владеење на семејството Асад.
Како групата Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) ќе управува со Сирија останува да се види. Групата има џихадистичко минато, од кое се огради, и исламистичка сегашност.
#حماه #سوريا pic.twitter.com/wunqhfhOny
— Elsiyasa | السياسة (@elsiyasa) December 24, 2024






