Синоќа повторно избија антивладини протести во неколку градови во Израел п, при што демонстрантите бараат премиерот Бенјамин Нетанјаху да најде начин за договор со терористичката група Хамас за ослободување на повеќе од 100 заложници кои се уште се држат во Газа, објави Си-Ен-Ен



Протести редовно се одржуваа во изминатиот месец, но последните беа загрижувачки со оглед на тоа што се одржаа и покрај безбедносните предупредувања за очекуваниот напад од страна на Иран.

И покрај напнатата безбедносна ситуација, во Тел Авив се собра голема маса народ за да им даде поддршка на семејствата на заложниците и да побараат нивно ослободување.

Според владата на Нетанјаху, дополнителни 115 заложници во моментов се држат во Газа, од кои 111 беа земени за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе.

Членовите на семејствата на затворениците во Газа остро го критикуваа пристапот на Нетанјаху кон конфликтот и сега бараат јавно објаснување за неуспехот на неговата влада да преговара за договор што би довел до ослободување на преостанатите израелски заложници.

Во соопштението објавено во саботата, здружението кое ги застапува семејствата го обвини израелскиот лидер дека избрал „да ја ескалира ситуацијата наместо да обезбеди договор што ќе спасува животи“.

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид, исто така, објави изјава на Телеграм и ги повика шефовите на израелските безбедносни служби да „ја кажат на јавноста вистината“, пишувајќи: „Ако владата на Израел се откаже од заложниците, мора да биде искрена со нивните семејства и да престане да игра игри“.

Гневот и нетрпеливоста поради бавното темпо на ослободување на заложниците во Газа се разгореа оваа недела по новиот извештај дека Нетанјаху се судрил со високи советници околу тоа дали да се прифати новиот предлог за договор за заложници и прекин на огнот, кој кабинетот на израелскиот премиер го отфрли како „ погрешно“.