И вчера, додека се ратификуваше договорот за добрососедство, слично како и на 11ти јануари кога на брзина се донесе законот за јазиците, пред македонското Собрание протестираа десеттина членови на македонски организации. Но не се разочарани, велат иако се малкумина, масовноста допрва следува, оти веќе на сите им е јасно дека двата последни донесени акти водат кон идентитестска бездна и не и носат добро на државата.
– Веќе имаме стратегија за масовност. Во преговори сме со одредени политички партии кои ќе застанат овде за да го поведат народот. Ќе кажеме „не“ за убиствените политики повторно во четврток, кога во Собранието ќе биде генералниот секретар на НАТО јенс Столтенберг, порача од денешниот протест претседателот на Семакедонскиот национален совет, Страшко Олумчев.
Ги повторија нивните барања до шефот на државата Ѓорѓе Иванов да не го потпишува указот за стапување во сила на законот за јазици.





