Помпезно најавуваната инвестиција, јужнокорејската „Алмак“ за производство на автоделови пропадна. Власта ветуваше инвестиција од 120 милиони евра во технолошоко-индустриските развојните зони, нови работни места и плати од 900 до 2000 евра.
„Во новата инвестиција, се очекува просечната бруто плата за високо-квалификуваните кадри да изнесува 2000 евра. Согласно планот на инвеститорите, ќе бидат отворени повеќе од 70 нови работни места, од технолошките дејниости , кои ќе придонесат во локалната економија, почнувајки од 2022 година, кога се очекува старт на производството.“ – истакна поранешниот премиер Зоран Заев на 18.08.2021.
Но, компанијата „Алмак“ пред неколку дена беше избришана од централниот регистар.
За таканаречените „големи“ странска инвестиции, предупредуваше и опозицијата, уште во 2019та. Тие алармираа дека Зоран Заев и власта предизборно лажат, бидејќи носат инвестиции од компании со сериозни финансиски приоблеми и пред банкрот. Но, тоа предупредување не допре до ушите на властодршците.

Извор: Алфа ТВ






