45-годишен маж е во притворосомничен дека ја убил 25-годишната Наташа Соврановски од Бад Теинах-Завелштајн (област Калв), пренесе Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Девојката која била исчезната на 2 септември,била пронајдена мртва во понеделникот во шума во близина на нејзиниот дом, соопштија полицијата и јавното обвинителство.
Осомничениот лично ја познавал жената, но не биле дадени дополнителни информации за врската. На барање на јавниот обвинител, судијата на окружниот суд во Тибинген издаде налог за апсење поради сомневање за убиство од небрежност, објавија истражителите.
Полицијата формира специјална комисија наречена „Хирш“ за случајот. Заднината на злосторството и можните мотиви ќе продолжи да се истражува, се вели во соопштението. Од сите кои биле сведоци е побарано да контактираат со полицијата.
Инаку се работи за Наташа Соврановски, која исчезна на 2 септември во местото Бад Теинах-Завелштајн, а телото е најдено во шума во близина на местото каде што живеела.





