Пронајдена златна маска во Дебрца, археолози сметаат дека под земја има цел град

На приватен имот во Волино, село во Дебрца, во околината на Струга пронајден е археолошки локалитет.



Местото е целосно затворено и археолози се на терен, пишува порталот Охрид 1.

Извори за Охрид 1 велат дека е пронајдена златна маска, златници и други археолошки предмети

Археолозите очекуваат дека кога ќе се истражи целиот потег ќе се пронајдат многу значајни предмети и дека има „цел град“ под земјата.