И денеска сончево и топло, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
UV=8
Во Скопје претежно сончево и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Поради ризикот од високи температури, од понеделник се очекува да се активира портокаловата фаза.
Синоптичарите предупредуваат дека во вторник се очекува температурата да достигне над 40 Целзиусови степени.






