Дијамантот од 1.109 карати, кој тежи околу 220 грама, вчера беше продаден од канадската компанија Лукара на луксузната британска продавница за скапоцени камења „Граф Дијаманти“.



Дијамантот, наречен „Lesedi la rona“, што во превод значи „Наше светло“, беше ископан во рудник во Боцвана во 2015. година. Тоа е најголемиот дијамант ископан од 1905. година наваму.

Лукара се надеваше дека ќе добие најмалку 70 милиони долари за скапоцениот камен, но таа цена не беше постигната, објавија од СNN.

Директорот Вилијам Ламб изјави дека цената што ја платил „Граф Дијаманти“ ја надминала сумата понудена на аукцијата во Сотби минатата година, но тоа е далеку помалку од 63. милиони долари што Лукара ги доби за дијамантот од 813 карати пред некоја година.