Поранешниот премиер, а пред две години и специјален претставник на Владата за односите со Бугарија, Владо Бучковски, ја посочи „длабоката држава“ во Софија и во Скопје за студените релации меѓу двете држави.



„Мислам дека проблемот е меѓу Софија и Скопје, не е во Брисел или во Париз. Бугарија ќе биде посилна ако ние час поскоро бидеме дел од Европската унија, но, за жал, мислам дека во двете држави има сили кои се борат до тоа да не дојде. Во тие 17-18 месеци кога бев специјален претставник на Владата одблизу видов дека не се среќни сите што почнавме да говориме, да имаме дијалог како вистински пријатели, како најблиски соседи, поблиски и да бараме не можеме да најдеме. Ние треба да бидеме свесни дека работи длабоката држава и во Софија, и во Скопје. Многумина сакаат да има статус-кво. Не верувам дека секој проблем треба да го бараме во Белград и во Москва, проблемот е во Скопје и во Софија“, изјави Бучковски во интервју за Бугарското национално радио (БНР).