„Треба да биде јасно дека делегатите во Собранието ги донесуваат одлуките, луѓето кои се директно избрани од граѓаните … а не повиците на одредени амбасадори.



Мислам дека тие повици сериозно ја кршат демократијата во Косово“, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи, во врска со притисоците од меѓународната заедница да не се укинува Специјалниот суд за ОВК.

Тачи рече дека ќе ja потпише иницијатива за укинување на Специјалниот суд за злосторствата на поранешната ОВК, ако биде усвоена во парламентот.

„Тоа е моја уставна и законска обврска, а не можам да ја негирам или да ја отфрлам војлата на пратениците“ изјави Тачи во интервју за Гласот на Америка. Тој повтори дека формирањето на т.н. Судот за кривични дела на ОВК за него е „историска неправда“.

Коментирајќи ги предупредувањата од меѓународните претставници во случај тоа да се случи, тој рече дека има претерување и непотребна реакција, која, како што рече, предизвикааа „паника меѓу граѓаните“.

Европските претставници не згледаат позитивно на фактот дека Судот може да се укине. Француска и германска делегација пристигнаа во Косово денес на итна мисија да спречат било каква иницијатива за укинување на Специјалниот суд.

Делегацијата оствари средба со косовскиот претседател и премиер, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај и ги предупреди на „огромни последици“ ако се укине Специјалниот суд, пишува Коха.