Приштина не чула за заканите на косовски граѓани кон Заев, Ахмети и Груби

Косовското министерство за внатрешни работи нема сознанија за заканите што преку медиумите ги упатиле роднините и пријателите на заробените и убиените косовски државјани во „Кумановските настани“.



Косовските колеги досега не ги информирале македонските служби за безбедност дека на Косово постои организирана група која што планира да изведе терористички и други видови акции врз премиерот Заев, лидерот на ДУИ Ахмети, министерот Груби и други лица во знал на одмазда за кумановските настани, пишуваат дел од медиумите на албански јазик.

Роднините на убиените и заробените преку косовските медиуми велат дека Али Ахмети извршил предавство на борците за слобода од 2001 година со тоа што лично ѝ ги предал на македонската полиција.

Колегите на уапсените во Диво Насеље на Заев и Групи им порачуваат дека нема сила што може да ги запре кога ќе ја минуваат  границата за да ги одмаздат своите другари и браќа за кои не жалат што загинале за Илирида туку затоа што биле предадени од Ахмети и други Албанци.

Главната закана е упатена кој лидерот на ДУИ Али Ахмети кој што според Косоварите има можност како дел од владата да интервенира за ослободување на обвинетите на кои им се заканува долгогодишна казна за убиство на 8 македонски полицајци.

Целата порака од Косово објавена порталот на албански јазик Инфопрес

„Што размислувате бре вие?

Ни убивте десет синови и ни затворивте 38 и  мислите дека ние за ваш атер ви простивме, ги ставивме во гробови нашите синови, а други  останаа да скапуваат низ словенските затвори?

Не поминува ден без да ги жалиме, не затоа што беа убиени за Илирида, туку за предавството ние плачеме и нечовечкото малтретирање што им се прави веќе две години!

За татковината ги даваме и последните, но предавството не го простуваме, затоа што не ни дозволува законот и вие на место да ни помогнете за правда, вие сакате другарите во затвор да ги казните со доживотен затвор и од 15 и 20 години затвор.

Не, не ова не ви го простува ниту Господ ниту роб.

О, Али Ахмети, го крена гласот и кажа дека овие момци се оние што војуваа во 2001 година и благодарение на нив си тамо каде што си, нивна заслуга, о, Али Ахмети.

Ти не си ги испратил во Куманово, ти ги предаде и им ги предаде на македонската полиција ослободителите од 2001 година, тоа е вистина.

Зошто не ги остави да загинат како мажи, но ги убиваат секој ден?

Не отиде ни на суд како сведок, ова не можиш да го негираш.

Но, покажи се барем сега, зашто знаеме дека можеш, бидејќи ја имаш во рака коалицијата за влада и не дозволувај да се казнат борците за слобода, ослободи ги и тие што скапуваат по словенските затвори по војната, во сптротивно ние сме спремни да се одмаздиме, очите ни ослепија и повеќе не гледаме каде и со кого, затоа што две години си играте со нашата болка. Раната сѐ уште боли и коските на нашите синови сѐ уште не се распаднати.

Отворете ги очите и поздрави до Артан Груби и Заев. Ослободете ги момците или подобро затворете ја границата, затоа што нема сила која нас нѐ спречува, не признаваме ни држава, војник, полицаец или цивил.

Доста веќе, ослободете ни ги 38-те наши момци затоа што ни се аманет од Мирсад, Бегу, Џафер, Арбен, Хусен, Фатлум, Тургај, Самид, Нусрет и Ваљон…“