Кичeвското Обвинителство бара притвор за 21-годишен маж од село Суводол во Македонски Брод, кој е осомничен за убиство.



Одобрена е наредба за спроведување на истражна постапка.

„Осомничениот намерно му го одзел животот на едно лице во двор од куќа во село Калуѓерец нанесувајќи му прострелна рана со куршум од ловечка пушка.

Убиениот бил професионален војник на АРМ, на возраст од 31 година, но причина за убиството е банална вербална расправија од приватен карактер“, велат меѓу другото од Обвинителството.