Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје синоќа го прифати предлогот на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека биле приведени три лица. Според него мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија.
Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара на 21 март.






