Иџет Мемети обвини дека судиите ја злоупотребиле мерката притвор и ја употребиле како казна за пратениците осомничени за „крвавиот четврток“ што се случи на 27 април во Собранието.
Народниот правобранител Мемети вели дека полицијата не смеела да приведе пратеници, бидејќи имале имунитет.
Како што пренесе „Фокус“, бил прекршен членот 19 од Правилникот за вршење на полициски работи, во кој се вели дека доколку лицето покаже статус со кој му се дава имунитет, не смее да биде приведено, утврдил Мемеди.
Мемети побарал од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапување на полициските службеници.
Претставката за нарушување на правата на пратениците народниот правобранител ја добил од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потпишана од 33 пратеници.




