Присила Присли, сопругата на легендарниот Елвис Присли, стана член на контроверзната Скиентолошка црква пред 40 години, а сега на 72 годишна возраст сфати дека и е доста од сè, и конечно ја напуштила верата што мнозина ја нарекуваат  „култот на злото“.



„Доволно беше, завршив јас со тоа”, рече Присила, за која се верува дека е вклучена во овој култ по смртта на нејзиниот сопруг и тоа заедно со нејзината ќерка Лиза Мари, а подоцна и со синот на Марко Гарибалди, Навароне.

Двете деца се одгледувани во духот на скиентологијата, а потоа во 2014 година, нејзината ќерка го напушти култот.

„Заминувањето на Лиза Мари од црквата представуваше катастрофа за Присила, бидејќи тие се крајно блиски. Но очигледно напуштањето всушност било семејна одлука“, изјави за американските медиуми извор близок до познатото семејство.

Присила во оваа религија ја внесе Џон Траволта, и тоа брзо по смртта на Елвис во 1977 година. 


Инаку, скиентологијата е основана во 1955 година од Рон Хабард, писател на научна фантастика, и оваа религија важи, и тоа по многу години постоење, како многу контроверзна.