На граничниот премин „Богородица“, на излез од државата вчера во 22 и 45 часот е приведен криумчар на мигранти во чие товарно возило со полуприколка се пронајдени 15 лица од Кина, од кои едно е малолетно, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).



Оттаму велат дека од страна на полициски службеници од РЦГР Југ е лишен од слобода М. А. (38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални таблици, откако по извршена проверка, во полуприколката се пронајдени 15 мигранти од Кин, од кои едно е малолетно лице.