Приведени 12 странски државјанки во локал во Гостивар

 

Министерството за внатрешни работи соопштува дека при контрола на објект во Гостивар, фатени се 12 странски државјанки.



„На 30.12.2024 година, во периодот од 00:00 до 01:10 часот, полициски службеници во СВ Гостивар во содејство со полициски службеници од СВ Тетово извршиле претрес во хотелски објект на улица „Илинденска“ во ул. Гостивар сопственост на Ј.А.(48) од Гостивар.

При увидот во објектот се затекнати 12 жени, од кои пет (четири од Република Србија и една од Република Албанија) го злоупотребиле туристичкиот статус“, соопшти МВР.

Тие се запрени и приведени во полициска станица и задржани за понатамошна постапка, а потоа против нив ќе биде поднесена соодветна пријава./Телеграфи/