Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова изјави дека целата медицинска фела е во шок од синоќешното убиство на 67 годишен доктор во близина на Поликлиникатаво скопската населба Железара.



Сокторот бил на настан настан организиран од фармацевтска компанија за лек, а потоа не се вратил дома по што семејството и пријателите почнале да го бараат.

„Вчера е убиен доктор Ацо Трповски на брутален начин. До сега ниту еден министер не го донесе Законот за заштита на доктори и нивна заштита.

Во знак на револт и во знак на почит на колегата Управниот одбор одлучи целото приватно здравство да не работи на 25.03 од 12 до 16 часот“, најави Чолакова Дервишова во изјава за „Плусинфо“.

За вчерашното убиство, од полицијата информираат дека вечерта во 23.09 часот добиле пријава дека во сопственото возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки,  со најмалку 9 убодни рани по телото бил пронајден А.Т. (67) од Скопје.

Тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција – велат од МВР за Плусинфо.

Засега се непознати причините за убиството, а убиецот е во бегство. Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.