Приватните автобуси на припомош – од понеделник пак ќе возат да им се најдат на граѓаните

Приватните превозници предупредуваат дека кризата во јавниот превоз може да се продлабочи доколку не се преземат итни мерки. Тие бараат субвенции, зголемување на платите за шоферите и трајни решенија за стабилизирање на состојбата. Граѓаните изразија револт преку протести, додека политичките обвинувања меѓу власта и опозицијата продолжуваат. Бараат и покачување на цената за изминат километар. Во врска со договорите кои им се склучени на две години, велат дека се со можност за продолжување на три години. 



ЈСП се снабдуваше со гориво од нафтената компанија Пуцко петрол, кон која има долг од 10 милиони евра. Договорот беше склучен во 2022-рата година, во вредност од 27 милиони евра, по 118 денари за литар.

  • Трпението ни е при крај. Треба да не’ разберете. Ситуацијата е таква, условите се такви. Затоа ги молиме советниците да ни излезат во пресрет, заеднички да најдеме решение за нашиот проблем. Ние имаме 200 автобуси, можеме да го покриеме делот на ЈСП и целава оваа криза, ќе заврши за многу брзо“, вели Јовица Зафировски, приватен превозник.
  • Плата на шофер изнесува 20 000денари. Кој работи денеска за 20 000 денари? Затоа сите шофери од ЈСП и од кај нас избегаа надвор од државата. Како да ги вратиме, ккао да ги задржиме? Мора да им се покачи платата. Бенифициран стаж да им се плати, ноќен труд, К-15, ништо од ова не е платено“, вели Влатко Тодоровски, приватен превозник.

Инаку, Владата на вонредна седница одобри  250 илјади литри нафта  од државните резерви за ЈСП како привремено решение по колабсот на јавниот сообраќаен превоз во средата и четвртокот кога на улиците имаше само 25 автобуси. Оваа количина ќе биде доволна за неколку дена и затоа Премиерот Мицкоски апелираше до ЈСП да ги набави количините кои се потребни за да може претпријатието да функционира.

Како последно, во знак на револт и долгото чекање на автобуските постојки изминатиот период, а последните денови без автобуски превоз, средношколците, студентите, жителите на Шуто Оризари и сите останати револтирани граѓани излегоа на протест пред Град Скопје.Граѓаните кажаа дека се принудени да доцнат на работа или на училиште и факултет. Бараат трајни, а не привремени решенија.