Прибе бара повеќе дневни весници и слобода на печат

Извештајот на европската експертска група предводена од Ранјхард Прибе содржи загриженост за состојбата на медиумите во Македонија, се наведува во анализата на Балканската Независна новинска агенција.



Критиките главно се насочени кон слобода на говорот, слободата на печатот, нивото на професионализмот и лошите услови за работа во медиумите.

Според анализата намалувањето на бројот на печатени медиуми за Брисел е знак дека пазарот во оваа област е нестабилен и дека владата не го поддржува.

Според извештајот владата мора да се занимава со состојбата во медиумите затоа што бројот на весници на национално ниво е мал а тоа е закана за плуразлизмот и слободните медиуми што е есенцијано за секоја демократија.

Според анализата групата експерти предводени од Прибе новинарите често не работат според етичките стандарди и го уриваат кредибилитетот на оваа професија.

Агенцијата го цитира новинарот Фатод Рушити кој вели дека во извештајот има основа за обнова на медиумскиот простор со цел да се создаде добра средина за слобода на говор.

„Очекуваме многу од Прибе затоа што постои сериозен ангажман од страна на ЕУ со цело да се подобри состојбата во медиумите, слободата на говорот и состојбата на новинарите“, изјавил Рушити за агенцијата.