Експертите во земјата анализирале што е подобрено од пред две години кога беа дадени препораките во врска со следење на комуникациите, за судството и обвинителството, за надзорните тела и медиумите и за пречките во владеењето на правото.
Од новата влада сега ЕК бара да не ги повторува грешките на минатата влада и да носи закони кои што можат да бидат имплементирани а не само да останат на хартија.
Главниот фокус на разговорите на експертите со институциите во Скопје бил на следниве теми:
- Почитување на независноста, соодветна одговорност и ефективно функционирање на органите во судството и обвинителството при што најважна е примената на принципот на транспарентна работа…, проценка на перформансите, реформи во системот за дисциплина и разрешување на судиите и обвинителите и обезбедување на неутрална, неполитизирана дистрибуција на судски случаи.
- Системот за следење и надзор на системот за пресретнување на комуникациите.
- Независните регулаторни и надзорни тела кои можат да ги заштитат индивидуалните права и ефикасно да се борат против корупцијата
Во врска со своите согледувања „Експертската група“ ќе подготви извештај со препораки кој ќе биде испратан до Владата и до сите засегнати страни.





