Претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, му го честита изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Македонија.



„Честитки до новиот претседател на Собранието на Република С.Македонија, Африм Гаши. Со верба дека парламентарната соработка помеѓу собранијата на двете земји ќе се унапредува и проширува“, пишува во честитката на Никола.

Oд Косово честитка упати претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца.

„Срдечни честитки г. Африм Гаши, ќе биде големо задоволство да работиме заедно на продлабочување на соработката меѓу нашите земји, вклучително и на нашите парламентарни институции. Со нетрпение очекувам да работиме за унапредување на нашите заеднички интереси, заедно да придонесеме за одржлива регионална стабилност и евроатлантски интеграции.  Очекувам односите меѓу нашите институции уште повеќе да се консолидираат. Албанците не се само фактор на демографијата, туку и на демократијата во Северна Македонија“, напиша Коњуфца меѓу другото.  МКД.Мк