Поранешниот претседател Ѓорге Иванов деновиве на маргините на ,,Глобалниот форум” во Баку имал средба со еден од најмоќните луѓе во Медитеранот.
Меѓу другите високи гости со кои се сретнал Иванов е турскиот министер за надворешни работи е Хакан Фидан, турски министер за надворешни работи.
Фидан е екс шеф на моќната турска разузнавачка служба МИТ и важи за еден од најмоќните луѓе во Јужна Европа, Блискиот Исток, Северна Африка и Кавказот.

Во периодот 14-16 март 2024 година, во Азербејџан се одржа 11-тиот Глобален Баку Форум во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Поправање на скршениот свет“, на кој учествуваше и поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.

Во текот на форумот, претседателот Иванов оствари средба и со Заменик Генералниот секретар на ОН и Висок претставник на Алијансата на цивилизации Мигуел Ангел Моратинос, со кој разговараа за можностите за соработка и перспективите на Македонија и регионот во глобалната мрежа на Алијансата на цивилизациите. Претседателот Иванов имаше можност да се сретне и размени мислења со своите колеги и учесниците на форумот меѓу кои беа поранешни претседатели, премиери, министри од целиот свет, високи претставници на меѓународни организации и други.

Меѓународниот центар Низами Ганџави оваа година, на 11-тиот Глобален форум во Баку, отвори повеќе интересни и актуелни глобални теми за високите учесници меѓу кои: војната Израел-Хамас и нејзините импликации на Блискиот Исток, враќањето на „Realpolitik“, глобалното владеење и Самитот на иднината, кои цели може да се постават за COP29, климатската правда, улогата на регионалните воени и економски сојузи, регионалните перспективи на ЕУ и нејзините соседи, градењето отпорност на глобалните предизвици: справување со нееднаквоста, недостигот на ресурси и миграцијата, новата безбедносна парадигма во ерата на вештачката интелигенција и други.
Најчитани статии
Најмалку 52 центар, од 26 лево – Нова ,,временска” прогноза за Македонија (СТАТУС НА ДЕНОТ)






