Претседателката Сиљановска Давкова ќе го потпише указот за законот за новиот формат на владата

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова ќе го потпише указот за законот предложен од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за новиот формат на владата кој беше изгласан рано изутрина во Собранието.



Според ставот објавен од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за прашањата од повеќе медиуми во врска со потпишувањето на указот за Законот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, таа има уставна обврска да го потпише законот.

Од кабинетот на претседателката се укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот.