Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше во Охрид по повод вековната традиција на Богојавление-Водици која го симболизира крштевањето на Исус Христос.
„Најсреќниот, Мартин Гоџо, кој го фати крстот, го дарував со рачно изработена резба посакувајќи му добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост, објави денеска на Фејсбук претседателката Гордана Сиљановска Давкова која присуствував на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид.
Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление!, објави претседатеката на ФБ.






