Претседателката пред самитот на НАТО на прием кај холандското кралско семејство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред самитот на НАТО била дел од прием кај холандското кралско семејство.



Заедно со американскиот претседател Доналд Трамп и други светски државници Сиљановска Давкова беше дел од настан во организација на холандскиот крал и неговата сопруга.

,,Ми беше чест да присуствувам на свечениот прием организиран од Неговото Височество Вилем-Александар, крал на Холандија и Нејзиното Височество кралицата Максима, во пресрет на Состанокот на Северноатлантскиот совет во Хаг”, објави Сиљановска Давкова.

Денеска во Хаг НАТО ќе разговара за актуелните глобални безбедносни предизвици и повеќе други стратешки теми.