Добрила Кацарска, претседателката на Уставен суд пријавила во полиција закани по нејзиниот живот, откако на своето гаражно место во подрачјето на Центар, пронашла импровизиран кревет и кујнски нож забоден на прекинувачот за светло.
„ На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, информираат од МВР.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот…






