Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова в петок, на 13 септември 2024 година ќе присуствува на гостувањето на Македонската опера и балет во Софиската опера и балет. Македонската опера во Софија ќе се претстави со „Набуко“ од Џузепе Верди. На операта ќе присуствува и претседателот на Бугарија Румен Радев.
Сиљановска ќе биде придружувана од министерот за култура Зоран Љутков и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
На Мајските оперски вечери во Скопје софиската Опера и балет со операта „Валкира“ наиде на ракоплескања од публиката во полната сала на Националната опера и балет во Скопје.
Home Македонија Претседателката на Македонија Сиљановска-Давкова и претседателот на Бугарија Радев заедно на операта...






