Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува денес во посета на Република Полска по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков. Во логорот Аушвиц германските нацисти убиле 1 милион и 100 илјади луѓе. Во 1945 година од логорот се ослободени само околу седум и пол илјади преживеани затвореници. На комеморацијата, што ќе се одржи во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ денес, на 27-ми јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, најавено е присуство на педесетина државни делегации од целиот свет, предводени од шефови на држави и влади, високи владини претставници, како и претставници на меѓународни организации и преживеани лица од логорот.
Во рамките на комеморативниот настан се предвидени поздравни обраќања и сведоштва на преживеаните. Потоа ќе бидат прочитани молитви, ќе бидат запалени запалени свеќи и ќе им биде оддадена почит на жртвите на холокаустот. За време на престојот во Полска претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова ќе го посети Јагелонскиот универзитет во Краков и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде што ќе оствари средба со полски македонисти и слависти.
Home Македонија Претседателката на Македонија Силјановска-Давкова денес на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот концлогор...





